Контролори

59 items

  • Секоја обработка на лични податоци треба да се води според […]

    Прочитај повеќе
  • Тоа може да се смета за легитимен интерес доколку контролорот […]

    Прочитај повеќе
  • Освен согласност, ваквата обработката може да се заснова на докажан […]

    Прочитај повеќе
  • Кога станува збор за фотографирање и јавно објавување на фотографии […]

    Прочитај повеќе
  • Услов за законска обработка е правниот основ даден во член […]

    Прочитај повеќе
  • Генерално, судовите ги обработуваат личните податоци врз основа на законска […]

    Прочитај повеќе
  • Мора да постои соодветен правен основ за обработка на личните […]

    Прочитај повеќе
  • Работодавачот може да се обиде да го докаже својот легитимен […]

    Прочитај повеќе
  • Доколку рокот на чување е утврден во закон што ги […]

    Прочитај повеќе
  • Работодавачот може да инсталира ГПС уред на службено возило доколку […]

    Прочитај повеќе

Една компанија работи на формулар за пријава во програма за лојалност. Освен вообичаените информации, како што се име и презиме, формуларот треба да вклучи и информации за брачен статус, сексуална ориентација, број за идентификација, итн.. Дали е тоа законско?

октомври 22, 2022|Categories: , |

Секоја обработка на лични податоци треба да се води според начелата од ЗЗЛП. Еден од нив е начелото на „минимален обем на податоци“, што значи дека податоците мора да бидат соодветни, релевантни и ограничени само на оние кои се потребни за целите за кои се обработуваат. Од тие [...]

Дали може јавно да се објавуваат имињата на победници од организирани награди игри?

октомври 22, 2022|Categories: , |

Тоа може да се смета за легитимен интерес доколку контролорот го докаже таквиот интерес преку спроведување тест за балансирање, но се советува за тоа да се изготват внатрешни правила каде би било елаборирано и доделувањето награди и објавувањето на победниците, со што учесниците би биле запознаени со можноста [...]

Дали може да се снимаат разговори за целите на подобрување на услугите без претходна согласност?

октомври 22, 2022|Categories: , |

Освен согласност, ваквата обработката може да се заснова на докажан легитимен интерес. Сепак, субјектите на лични податоци треба да бидат однапред информирани (на пример, преку говорниот апарат) дека разговорот ќе се снима и дека личните податоци ќе се обработуваат за целите на подобрување на услугата.

Дали може да се фотографира конкретен настан?

октомври 22, 2022|Categories: , |

Кога станува збор за фотографирање и јавно објавување на фотографии од јавен настан, треба да се знае дека во секој случај треба да се утврди постоење на правен основ за обработката на лични податоци. На пример, во некои конкретни случаи правен основ може да биде легитимен интерес, согласност, [...]

Дали до АЗЛП треба да се достави барање за одобрување на обработка на лични податоци која се однесува на податоци за здравјето на вработените за целите на безбедност и здравје на работното место?

октомври 22, 2022|Categories: , |

Услов за законска обработка е правниот основ даден во член 10, став (1) од ЗЗЛП и постоење на еден од исклучоците дадени во член 13, став (2) од ЗЗЛП. Во случај на одобрување, обработката на податоци за здравјето може да се изврши само по претходно добиено одобрување од [...]

Дали до судот може да се достават информации за вработените кои се потребни во спор за работни односи?

октомври 22, 2022|Categories: , |

Генерално, судовите ги обработуваат личните податоци врз основа на законска обврска или јавно овластување. На судовите им требаат таквите информации за ги утврдат и докажат фактите во постапката што се води за спорот, па затоа контролорот мора да ги обезбеди информации до судот.

Во случај на ревизија, дали треба да се обезбеди согласност од вработените или доволно е тие да бидат информирани?

октомври 22, 2022|Categories: , |

Мора да постои соодветен правен основ за обработка на личните податоци според член 10 од ЗЗЛП. Доколку ревизијата се извршува во согласност со закон, тогаш согласноста не може да биде применлив правен освен за обработката.

Во случај на работни биографии поднесени за можно вработување во иднина или за огласени работни места, дали компанијата има обврска да обезбеди согласност од кандидатите нивните биографии да се чуваат во базата на податоци со можни кандидати?

октомври 22, 2022|Categories: , |

Работодавачот може да се обиде да го докаже својот легитимен интерес преку спроведување тест за легитимен интерес или да побара согласност од кандидатот (согласноста мора да ги исполнува условите дадени во член 11 од ЗЗЛП). Во секој случај, кандидатот мора да биде запознаен со ваквата обработка во согласност [...]

Со оглед на економската динамика и потребата компаниите да се прилагодат на новите барања и трендови за да бидат во чекор со конкурентите на пазарот, дали тие имаат обврска да ги чуваат досиејата за вработените во период од 45 години откако работникот ја напуштил компанијата, онака како што налагаат важечките прописи?

октомври 22, 2022|Categories: , |

Доколку рокот на чување е утврден во закон што ги регулира работните односи, тогаш постои правен основ за таквата обработка на лични податоци според член 10, став (1), точка (в) од ЗЗЛП. Важно е да се разбере дека согласноста не е единствениот правен основ за обработка на лични [...]

Дали работодавачот може да инсталира ГПС уред на службено возило?

октомври 22, 2022|Categories: , |

Работодавачот може да инсталира ГПС уред на службено возило доколку може да докаже постоење на легитимен интерес за истото. Имено, работниците понекогаш ги користат ресурсите на компанијата за приватни цели, па затоа може да се каже дека постои правен основ за обработката на личните податоци на работниците.

Go to Top