Услов за законска обработка е правниот основ даден во член 10, став (1) од ЗЗЛП и постоење на еден од исклучоците дадени во член 13, став (2) од ЗЗЛП.

Во случај на одобрување, обработката на податоци за здравјето може да се изврши само по претходно добиено одобрување од АЗЛП согласно член 84 од ЗЗЛП.

Одобрување не е потребно во случај кога обработката на личните податоци е утврдена со закон кој содржи безбедносни и други мерки за заштита на правата и слободите на субјектите на лични податоци.

Во такви случаи Агенцијата донесува решение во рок од 90 дена по приемот на барањето за одобрување.