Во текот на животот, во различни ситуации ги оставате личните податоци за да остварите одредени права или за да исполните некои обврски, на пример во градинка, училиште, болница, банка, за работа, за патувања итн.

Од друга страна, Законот за заштита на личните податоци ви гарантира одреден број права што може да ги остварите во врска со личните податоци кои се евидентираат и чуваат за вас.

И во македонскиот Устав се гарантира сигурноста и тајноста на личните податоци чл.18

Личен податок

Личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или лице кое може да се идентификува на пример: име и презиме, матичен број на граѓанинот, адреса на живеење итн.

Посебни категории на лични податоци

Некои податоци се сметаат за чувствителни по својата природа, без оглед на контекстот на обработката, такви се на пример: личните податоци кои го откриваат вашето расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство во синдикални организации, како и генетски податоци, биометриски податоци, податоци што се однесуваат на вашето здравје или податоци за вашиот сексуален живот или сексуална ориентација.

Исклучок од примена на Законот за заштита на личните податоци

Законот за заштита на личните податоци не се применува доколку личните податоци ги користите заради лични активности или активности во домот. Пример слики од одмор за приватен фото-албум, личен адресар итн.

Прочитајте повеќе

Информатор за „Правата на граѓаните како субјекти на лични податоци“