Според прописите за работни односи, копирање или скенирање на документи […]
Генерално, судовите ги обработуваат личните податоци врз основа на законска […]
Мора да постои соодветен правен основ за обработка на личните […]
Според член 13 од ЗЗЛП, биометриските податоци се посебна категорија […]
Работодавачот може да се обиде да го докаже својот легитимен […]
Доколку рокот на чување е утврден во закон што ги […]
Работодавачот може да инсталира ГПС уред на службено возило доколку […]
Содржината на фактурата ја утврдуваат неколку закони, на пример, Законот […]
Законот за работни односи не го пропишува начинот за утврдување […]
Дали работодавачот може да ги копира или скенира документите за лична идентификација или банкарските картички на вработените?
Според прописите за работни односи, копирање или скенирање на документи за лична идентификација или банкарски картички не е законска обврска на работодавачот. Меѓу другото, банкарската картичка содржи верификациски број (CSC, CVV или HVS), што претставува уникатен троцифрен или четирицифрен број отпечатен на картичката веднаш до бројот на сметката [...]
Дали до судот може да се достават информации за вработените кои се потребни во спор за работни односи?
Генерално, судовите ги обработуваат личните податоци врз основа на законска обврска или јавно овластување. На судовите им требаат таквите информации за ги утврдат и докажат фактите во постапката што се води за спорот, па затоа контролорот мора да ги обезбеди информации до судот.
Во случај на ревизија, дали треба да се обезбеди согласност од вработените или доволно е тие да бидат информирани?
Мора да постои соодветен правен основ за обработка на личните податоци според член 10 од ЗЗЛП. Доколку ревизијата се извршува во согласност со закон, тогаш согласноста не може да биде применлив правен освен за обработката.
Во случај на систем за контрола на пристап што се заснова на биометриски податоци, дали правното лице треба да ја информира АЗЛП пред да почне со обработка на таквите податоци и кои документи треба да се достават до АЗЛП за таа цел?
Според член 13 од ЗЗЛП, биометриските податоци се посебна категорија на лични податоци. Условот за законска обработка е правниот основ од член 10, став (1) од ЗЗЛП и постоење на еден од исклучоците дадени во член 13, став (2) од ЗЗЛП. На пример, правниот основ за обработка на [...]
Во случај на работни биографии поднесени за можно вработување во иднина или за огласени работни места, дали компанијата има обврска да обезбеди согласност од кандидатите нивните биографии да се чуваат во базата на податоци со можни кандидати?
Работодавачот може да се обиде да го докаже својот легитимен интерес преку спроведување тест за легитимен интерес или да побара согласност од кандидатот (согласноста мора да ги исполнува условите дадени во член 11 од ЗЗЛП). Во секој случај, кандидатот мора да биде запознаен со ваквата обработка во согласност [...]
Со оглед на економската динамика и потребата компаниите да се прилагодат на новите барања и трендови за да бидат во чекор со конкурентите на пазарот, дали тие имаат обврска да ги чуваат досиејата за вработените во период од 45 години откако работникот ја напуштил компанијата, онака како што налагаат важечките прописи?
Доколку рокот на чување е утврден во закон што ги регулира работните односи, тогаш постои правен основ за таквата обработка на лични податоци според член 10, став (1), точка (в) од ЗЗЛП. Важно е да се разбере дека согласноста не е единствениот правен основ за обработка на лични [...]
Дали работодавачот може да инсталира ГПС уред на службено возило?
Работодавачот може да инсталира ГПС уред на службено возило доколку може да докаже постоење на легитимен интерес за истото. Имено, работниците понекогаш ги користат ресурсите на компанијата за приватни цели, па затоа може да се каже дека постои правен основ за обработката на личните податоци на работниците.
Дали името и презимето на вработениот може да стои на издадена фактура?
Содржината на фактурата ја утврдуваат неколку закони, на пример, Законот за данокот на додадена вредност, Законот за регистрирање на готовински плаќања. Меѓу другото, еден од елементите на содржината на сметката е ознака за операторот (лицето) на самиот инструмент за наплата. Оттука, нема потреба да се стави и името [...]
Дали контролорот може да бара доказ за платено отсуство од вработениот?
Законот за работни односи не го пропишува начинот за утврдување на правото на платено отсуство. Барање докази во случај кога работникот има право на платено отсуство (поради важни лични причини како што е раѓање на дете) за да се потврди оправданоста на користењето платено отсуство не е спротивно [...]