
На 21 август 2024 година, започна имплементацијата на Меморандумот за соработка потпишан во јуни, 2024 година во Скопје меѓу директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци Имер Алиу и комесарот на Агенцијата за информации и приватност, Кренаре Согојева Дермаку. Целта на овој меморандум е размена на искуства во областа на заштитата на личните податоци помеѓу двете земји.
Предмет на работната средба беше разменување на заеднички искуства во однос на спроведувањето на супервизии кај телекомуникациските оператори и во здравствениот сектор, прашалниците кои се користени при супервизиите, предизвиците при спроведувањето на супервизиите, наодите по завршување на супервизиите, како и други прашања кои се однесуваат на супервизорските процеси.
Оваа размена на искуства на претставниците од двете Агенции понатаму ќе помогне во спроведувањето на овој вид на супервизии и во двете земји.
Заменик директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци м-р […]
Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, г. Накил […]
Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија […]


