
Во периодот од 17-19 Мај, 2026 година, Агенцијата го организираше Осмиот состанок на „Иницијативата 20i7“ во Битола на кој учествуваа претставници на надзорните органи за заштита на личните податоци од регионот. „Иницијативата 20i7“ е форум за соработка меѓу надзорните органи за заштита на личните податоци од регионот на поранешна Југославија, во согласност со Декларацијата за соработка на органите за заштита на личните податоци, која беше потпишана во 2017 година на првиот состанок на Иницијативата, на предлог на словенечкиот орган за заштита на личните податоци. Иницијативата е создадена во духот на поттикнување на квалитетна и континуирана соработка помеѓу надзорните тела за заштита на личните податоци од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија, Словенија и Косово.
На состанокот беа разменети искуства, добри практики и актуелни информации поврзани со заштитата на личните податоци, со посебен фокус на современите предизвици кои произлегуваат од брзиот технолошки развој, дигитализацијата и примената на новите технологии.
Делегациите од земјите учеснички одржаа презентации и дискусии посветени на актуелни прашања од областа на заштитата на личните податоци и примената на националните законски рамки. Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на безбедносните мерки, заштитата на личните податоци на децата, предизвиците поврзани со вештачката интелигенција, како и тековните активности и проекти на надзорните органи во регионот.
Во рамки на состанокот, претставникот на Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија одржа презентација на тема „Концепт, содржина и практична примена на Правилникот за безбедност на обработката на личните податоци“, при што беа презентирани националните искуства и практичните аспекти од примената на мерките за безбедност при обработката на личните податоци.
Учесниците ја истакнаа важноста на регионалната соработка и континуираната размена на искуства и добри практики, особено во контекст на предизвиците што ги носат новите технологии, вештачката интелигенција и дигиталната трансформација. Беше нагласено дека ефикасната заштита на личните податоци бара силни, независни и професионални надзорни органи, како и постојано унапредување на националните законски и институционални рамки.
Следниот состанок на „Иницијатива 20i7“ ќе се одржи во Босна и Херцеговина во 2027 година, во организација на Агенцијата за заштита на личните податоци во БиХ.
Заменик директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци м-р […]
Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, г. Накил […]
Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија […]


