Published On: јануари 31, 2024Categories: Вести, Новости
По повод Европскиот ден за заштита на личните податоци, на 29 јануари 2024 година претставници од Агенцијата одржаа предавања на македонски и албански јазик на тема „Заштита на личните податоци при користење на интернет“ во средните училишта „Георги Димитров“ во Скопје и „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Младите слушатели имаа можност да се запознаат со работата на Агенцијата во врска со заштитата на личните податоци, им беа предложени совети за заштита на приватноста и идентитетот на интернет и им беа претставени мерки за безбедност при користење на социјалните мрежи.
   
На предавањата беа споделени и информатори со совети: „Приватноста на децата и младите во светот на модерни технологии (Интернет и социјални мрежи)“, со цел да се едуцираат младите за важноста и почитувањето на приватноста, бидејќи тие секојдневно ги конзумираат придобивките на дигитилизацијата.
   

Слични вести

Погледни ги сите
  • На 05.06.2024 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]

    Прочитај повеќе
  • Надзорните органи за заштита на личните податоците на Северна Македонија, […]

    Прочитај повеќе
  • На покана на хрватската Агенцијата за заштита на личните податоци […]

    Прочитај повеќе