Published On: јуни 6, 2024Categories: Вести, Новости

Надзорните органи за заштита на личните податоците на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора се состанаа на шестиот состанок на „Иницијатива 20i7“ кој оваа година се одржа во Задар, Република Хрватска на 27 и 28 мај 2024 година.

На состанокот се разговараше за актуелни прашања од областа на заштитата на личните податоци и се разменија искуства и практики од сите земји учеснички.

„Иницијатива 20i7“ е создадена во 2017 година на иницијатива на Комесарот за информации на Република Словенија, а во која членуваат надзорните органи за заштита на личните податоци од поранешна Југославија. Повеќе за „Иницијатива 20i7“ може да прочитате на следниот линк.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Агенцијата за заштита на личните податоци ја информира јавноста дека […]

    Прочитај повеќе
  • Во периодот од 17-19 Мај, 2026 година, Агенцијата го организираше […]

    Прочитај повеќе
  • Во периодот од 04 до 09 мај 2026 година, директорот […]

    Прочитај повеќе