Published On: април 22, 2020Categories: Известувања
Среда, Април 22, 2020

Почитувани граѓани,

Во однос на Вашите барања доставени до Агенцијата за заштита на личните податоци за злоупотреби на лични податоци на социјалната мрежи (Фејсбук, Инстаграм), Ве информираме дека добивме одговор од оперативниот тим на Фејсбук, дека поради COVID-19 имаат застој во постапувањето така што приоритет ќе имаат пријавите кои се поврзани со ризик од заканувачко или физичко насилство, избори, како и пријави поврзани со COVID-19.

Од тие причини и Агенцијата за заштита на личните податоци не е во можност да одговори на Вашите барања и по однос на нив ќе биде постапено кога ќе се создадат услови за тоа.

Во однос на политиките на Фејсбук поврзани со заканувачко или физичко насилство проверете ги нивните стандарди на https://www.facebook.com/communitystandards/, а за постапување по однос на пријави поврзани со COVID-19 најновите информации може да се најдат на следниот линк https://about.fb.com/news/2020/03/coronavirus/.

Со цел да ги заштитите Вашите лични податоци на социјалните мрежи, укажуваме да ги проверите подесувањата за заштита на приватноста и личните податоци на социјалните мрежи кои ги користите, да креирате сложени лозинки кои повремено ќе ги менувате и да не ги откривате на други лица.

Некои корисни ресурси:

https://dzlp.mk/sites/default/files/kako_da_si_ja_zashtitime_privatnosta_na_fejsbuk.pdf

https://www.wired.com/story/facebook-privacy-apps-ads-friends-delete-account/

Слични вести

Погледни ги сите
  • Одлука за избор на кандидати за работните места број 1, […]

    Прочитај повеќе
  • Врз основа на член 48 од Законот за административни службеници […]

    Прочитај повеќе
  • Одлука за невршење избор на кандидат по интерниот оглас бр. […]

    Прочитај повеќе