Published On: февруари 8, 2022Categories: Вести

Денот на безбеден интернет се слави глобално во февруари секоја година за да се промовира безбедното и позитивно користење на дигиталната технологија за децата и младите .

Агенцијата за заштита на лични податоци на 8 февруари 2022 г. организираше онлајн настани на македонски и албански јазик на тема „Како безбедно да се забавувате и да играте онлајн“. На настанот земаа активно учество ученици од IV и V одделение од повеќе основни училишта од државата.

По повод Денот на безбеден интернет, Агенцијата во соработка со ЕУ твининг проектот„Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“ изработи информатор на тема „Приватноста на децата и младите во светот на модерни технологии (интернет и социјални мрежи)“. На настанот беше промовирано едукативното видео за „Онлајн насилство“.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Агенцијата за заштита на личните податоци ја информира јавноста дека […]

    Прочитај повеќе
  • Во периодот од 17-19 Мај, 2026 година, Агенцијата го организираше […]

    Прочитај повеќе
  • Во периодот од 04 до 09 мај 2026 година, директорот […]

    Прочитај повеќе