Не.
Според член 10, став (1) од ЗЗЛП, постојат шест правни основи за обработка на лични податоци:
- согласност;
- договор;
- законска обврска;
- суштински интереси;
- јавен интерес/јавно овластување;
- легитимен интерес.
За секоја обработка на лични податоци мора да постои соодветен правен основ. Оттука, правниот основ за обработка на лични податоци преку договор за вработување е договорот, правниот основ за обработка на лични податоци преку формуларите за задолжително социјално осигурување е законска обврска на контролорот, и правниот основ за податоците за контакт е легитимен интерес на работодавецот (доколку е докажан).
Согласноста е само еден од шесте правни основни пропишани со законот. Доколку за некоја конкретна обработка постои правен основ, нема потреба да се бара согласност, посебно или како дел од договорот за вработување.
Остави коментар
You must be logged in to post a comment.