Грануларноста е тесно поврзана со потребата согласноста да биде специјална/посебна. […]
Според член 94 од ЗЗЛП, обработката на лични податоци за […]
Не. Рокот за чување е пропишан во Законот за работни […]
Не. Според член 10, став (1) од ЗЗЛП, постојат шест […]
Не. Според член 10, став (1) од ЗЗЛП, постојат шест […]
Салонот за убавина обработува податоци врз основа на договор помеѓу […]
Не. Во таков случај обработката се заснова на договор/дејствија кои […]
Не. Според член 96 од ЗЗЛП, обработката на лични податоци […]
Според Законот за облигациони односи, доверувањето наплата на побарувања (долгови) […]
Што треба да содржи т.н. грануларна согласност во однос на заштитата на личните податоци?
Грануларноста е тесно поврзана со потребата согласноста да биде специјална/посебна. Имено, кога се дава согласност за неколку различни цели (при што целта на обработката мора да биде колку што е можно поспецифична), грануларноста значи дека целите се одделени и дека за секоја цел се дава посебна согласност. На [...]
Во случај на обработка на лични податоци за целите на директен маркетинг, дали правното лице треба претходно да обезбеди изречна согласност од субјектот на лични податоци за секоја вид на директен маркетинг, без оглед дали тоа вклучува профилирање поврзано со директниот маркетинг?
Според член 94 од ЗЗЛП, обработката на лични податоци за целите на директен маркетинг, вклучително и профилирање до степен до кој тоа се однесува на директниот маркетинг, е дозволена само доколку личните податоци се обработуваат откако субјектот на лични податоци дал изречна согласност (член 11 од ЗЗЛП).
Дали компанијата има обврска да побара од вработените кои го напуштаат работното место да потпишат согласност за чување на нивните лични податоци?
Не. Рокот за чување е пропишан во Законот за работни односи и работодавецот има правен основ (законска обврска) за обработката, и затоа нема потреба да се користи согласност.
Во случај на влегување во деловни односи со клиенти (банка), законот пропишува задолжително наведување на сите лица поврзани со клиентот, со име/презиме, единствен матичен број за граѓани (ЕМБГ), итн. Дали оваа ситуација налага согласност за обработка на личните податоци на поврзаните лица што ги навел клиентот на банката?
Не. Според член 10, став (1) од ЗЗЛП, постојат шест правни основи за обработка на лични податоци: согласност; договор; законска обврска; суштински интереси; јавен интерес/јавно овластување; легитимен интерес. За секоја обработка на лични податоци мора да постои соодветен правен основ. Оттука, правниот основ за обработка на лични податоци [...]
Дали согласност за обработка на лични податоци дадена при вработување го покрива и сегментот со договор за вработување, телефонски број, електронска пошта, придонеси за задолжително социјално осигурување М1-М2 и слично, или за тоа треба дополнителна согласност?
Не. Според член 10, став (1) од ЗЗЛП, постојат шест правни основи за обработка на лични податоци: согласност; договор; законска обврска; суштински интереси; јавен интерес/јавно овластување; легитимен интерес. За секоја обработка на лични податоци мора да постои соодветен правен основ. Оттука, правниот основ за обработка на лични податоци [...]
Дали салон за убавина треба да има согласност од клиентите?
Салонот за убавина обработува податоци врз основа на договор помеѓу салонот и клиентот. Сепак, во моментот на фотографирање некое лице за маркетиншки цели, потребен е друг правен основ, како што е согласност или легитимен интерес.
Дали нарачка на производ/услуга преку електронска пошта се смета за согласност?
Не. Во таков случај обработката се заснова на договор/дејствија кои му претходат на склучувањето договор, па затоа нема потреба за согласност, ниту пак нарачката преку електронска пошта се смета за согласност.
Дали компанија може да испраќа маркетиншки пораки/електронска пошта без согласност од лицето?
Не. Според член 96 од ЗЗЛП, обработката на лични податоци за целите на директен маркетинг, што вклучува и профилирање до степенот до кој тоа се однесува на директниот маркетинг, е дозволена само доколку личните податоци се обработуваат откако субјектот на лични податоци дал експлицитна согласност (член 11 од [...]
Дали агенциите за наплата на долгови треба да добијат согласност за обработката на лични податоци што ја вршат?
Според Законот за облигациони односи, доверувањето наплата на побарувања (долгови) не налага добивање согласност од должникот, но доверителот е обврзан да го извести должникот за доверувањето на наплатата на друго правно лице, што значи дека станува збор за договорен однос. Освен тоа, воспоставување контакт со лица кои не [...]
Кој дава согласност за дете?
Во случај на малолетно дете, согласност треба да се добие од родител или старател, освен во случај на обработка на лични податоци што се однесува на услуги на информатичкото општество кои се нудат директно на детето. Во таков случај детето може да даде согласност, но само ако е [...]