
Агенцијата за заштита на личните податоци со експертска помош од Европската комисија преку инструментот ТАЕКС одржа тридневна работилница во период од 15 до 17 мај 2024 година во Скопје. На работилницата, експерти од Словенија и Финска, заедно со Агенцијата и претставници од јавниот и приватниот сектор работеа на развивање на новата Стратегија за имплементација на правото на заштита на личните податоци за периодот 2024-2030 година, вклучувајќи и акциски план со индикатори за мерење на резултатите.
Првите два дена од работилницата, учесниците разговараа за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење во однос на заштитата на личните податоци. Исто така, се дискутираше за предложените стратешки цели и нивна приоритизација, за активностите и индикаторите и временската рамка за остварување на стратешките цели на новата стратегија.
Последниот ден од работилницата, Агенцијата и експертите ги заокружија резултатите и придонесите дадени од учесниците и прелиминарно ги утврдија новите стратешки цели, индикаторите и предлозите за новата мисија и визија на Агенцијата.
Активностите за новата стратегија ќе продолжат во октомври 2024 година, кога ќе биде остварена уште една ТАЕКС експертска мисија, по што нацрт Стратегија ќе биде објавена на веб страницата на Агенцијата за коментирање од страна на јавноста.
На 05.06.2024 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]
Надзорните органи за заштита на личните податоците на Северна Македонија, […]
На покана на хрватската Агенцијата за заштита на личните податоци […]