Published On: март 4, 2026Categories: Вести, Новости

На 2 јули 2026 година, директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, Накил Фетаи, и директорката на Оперативно-техничката агенција (ОТА), Марија Јаническа, потпишаа Меморандум за соработка.

Со Меморандумот се воспоставува рамка за унапредување на меѓусебната соработка во насока на правилна и доследна примена на прописите за заштита на личните податоци.

Во рамки на соработката, двете институции ќе реализираат заеднички активности преку организирање обуки, размена на информации, искуства и добри практики, обезбедување стручна поддршка за усогласување на интерната документација, како и иницирање и спроведување на проекти за јакнење на капацитетите и унапредување на заштитата на личните податоци.

Со потпишувањето на Меморандумот, двете институции ја потврдуваат својата заедничка заложба за понатамошно унапредување на соработката и зајакнување на системот за заштита на личните податоци.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Агенцијата за заштита на личните податоци ја информира јавноста дека […]

    Прочитај повеќе
  • Во периодот од 17-19 Мај, 2026 година, Агенцијата го организираше […]

    Прочитај повеќе
  • Во периодот од 04 до 09 мај 2026 година, директорот […]

    Прочитај повеќе