
Агенцијата за заштита на личните податоци и оваа година на 7 февруари го одбележа Денот на безбеден интернет со организирање на настан со мото „Размислете пред да кликнете“ на плоштад Македонија. На настанот беа поделени информативни материјали на граѓаните како да се заштитат од најчестите измами на интернет односно од кражба и злоупотреби на нивните лични податоци и им беа дадени одговори на сите прашања на граѓаните поврзани со користење на интернет, а од аспект на заштита на личните податоци.
Во периодот од 17-19 Мај, 2026 година, Агенцијата го организираше […]
Во периодот од 04 до 09 мај 2026 година, директорот […]


