Published On: октомври 10, 2024Categories: Вести, Новости

Во периодот од 02-04 октомври 2024 година, Агенцијата за заштита на личните податоци организираше експертска мисија за изработка на новата Стратегијата за спроведување на правото за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија за периодот 2025-2030, која се очекува да се донесе во ноември 2024 година
Експертската мисија е спроведена преку инструментот ТАИЕКС на Европската Комисија, чија цел е да ја поддржи Агенцијата во развивање на нацрт Стратегијата, вклучувајќи и акциски план со индикатори за мерење на резултатите.
По изготвување на нацрт текстот на Стратегијата, Агенцијата ќе ја објави истата на својата веб-страница со цел сите засегнати страни (контролори и обработувачи), граѓанските организации и пошироката јавност, да дадат своите повратни информации и предлози

Слични вести

Погледни ги сите
  • Еднодневна обука на тема „Вештачка интелигенција и заштита на лични […]

    Прочитај повеќе
  • Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци донесе: Програма […]

    Прочитај повеќе
  • На 16.12.2025 година, Агенцијата за заштита на личните податоци организираше […]

    Прочитај повеќе