Published On: јуни 6, 2024Categories: Вести, Новости

Претставници на Агенцијата за заштита на личните податоци учествуваа на 32-та Конференција на европските надзорни органи (Пролетна конференција) која се одржа од 13-16 мај 2024 во Рига, Република Латвија.

Пролетната конференција е годишен состанок на сите органи за заштита на личните податоците од земјите на Европската Унија и надвор од ЕЕА. Конференцијата служи како единствен паневропски форум посветен на практична соработка меѓу регулаторите, премостување на границите и поттикнување на соработката за заштита на личните податоци и приватноста во Европа.

Конференцијата се фокусира на улогата на органите за заштита на податоците во дигиталната ера на регулативи кои се развиваат; навигацијата на приватноста и заштитата на податоците во ерата на новите технологии и иновации; заштита на здравствените податоци во ерата на дигитализација; обликување на заштитата на податоците преку искуството за соработка на органите за заштита на податоците; навигација по прописите за АМЛ (AML – Anti Money Laundering)  и Општа регулатива за заштита на личните податоци (GDPR); Органи за заштита на податоци, офицери за заштита на личните податоци и бизниси; заштита на обработката и заштитата на личните податоците преку ефикасна соработка помеѓу органите за заштита на личните податоци, како и преиспитување на судските одлуки на СПЕУ и ЕСЧП.

Слични вести

Погледни ги сите
  • На 05.06.2024 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]

    Прочитај повеќе
  • Надзорните органи за заштита на личните податоците на Северна Македонија, […]

    Прочитај повеќе
  • На покана на хрватската Агенцијата за заштита на личните податоци […]

    Прочитај повеќе