Published On: јануари 23, 2026Categories: Вести, Новости
На 22 јануари 2026 година, во просториите на Агенцијата беше одржана обука посветена на заштитата на личните податоци.
На обуката учествуваа претставници од разни училишта од државата, кои активно разменуваа искуства, прашања и идеи. Целта на обуката беше да се разјаснат законските обврски кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти – како за контролорите, така и за обработувачите.
За време на обуката беа дадени јасни насоки за усогласување со прописите и беа опфатени повеќе клучни теми, меѓу кои:
  • дефинирање на основните поими од областа на заштитата на личните податоци;
  • начелата за заштита на личните податоци, кои претставуваат темел на целиот систем;
  • правата на субјектите на личните податоци и механизмите за нивно остварување;
  • обврските на контролорите и обработувачите во текот на целиот циклус на обработка;
  • правилата за пренос на лични податоци, вклучително и меѓународниот пренос;
  • законските обврски при воспоставување на систем за вршење на видео надзор.
Активноста е реализирана во рамки на проектот „MKSafeNet“, во соработка со ИМПЕТУС – Центар за интернет, развој и добро управување.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Агенцијата за заштита на личните податоци ја информира јавноста дека […]

    Прочитај повеќе
  • Во периодот од 17-19 Мај, 2026 година, Агенцијата го организираше […]

    Прочитај повеќе
  • Во периодот од 04 до 09 мај 2026 година, директорот […]

    Прочитај повеќе