
Во врска со сè почестите барања од граѓаните за отстранување на лажни или хакирани профили на социјалните мрежи, Ве информираме дека, согласно објавените политики на самите платформи, граѓаните треба лично и директно да ги поднесуваат своите барања до конкретните социјални мрежи, а не преку посредување на Агенцијата за заштита на личните податоци.
Агенцијата нема надлежност да постапува во случаи на злоупотреба на профили на интернет, односно не врши бришење, враќање или блокирање на профили на социјалните мрежи.
На нашата официјална веб-страна се објавени детални насоки за пријава на профил на социјалните мрежи на интернет.
Овие насоки се наменети за сите физички лица кои сакаат на безбеден и правилен начин да пријават профил на платформи како што се Facebook, Instagram, TikTok, X (Twitter), YouTube и други.
🔗 Насоките можете да ги најдете на следниот линк
Ве охрабруваме да ги прочитате објавените информации и да постапувате согласно препораките, со цел да ја заштитите Вашата приватност и лични податоци на интернет.
Заменик директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци м-р […]
Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, г. Накил […]
Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија […]


