
На 08 февруари 2023 година, директорот на Агенцијата Имер Алиу одржа состанок со заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска на тема за позитивните и негативните законски аргументи поврзани со “Јавно објавување на вистинските сопственици на фирмите што склучиле договори за јавни набавки на електронскиот систем за е-набавки (ЕСЈН)”.

Заедничка заложба на Агенцијата и Кабинетот на вицепремиерката Грковска е да се најде решение со кое ќе се зајакнат антикорупциските мерки кај јавните набавки и ќе се зголеми транспарентноста и отчетноста пред граѓаните, без притоа да се нарушат основните начела за заштита на личните податоци и правото на приватност.
Заменик директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци м-р […]
Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, г. Накил […]
Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија […]


