Published On: ноември 30, 2024Categories: Вести, Новости

На 29 ноември2024 година во Скопје, Агенцијата за заштита на личните податоци ја промовираше Стратегијата за спроведување на правото за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија 2025-2030.

Директорот на Агенцијата Имер Алиу се осврна на приоритетите на Агенцијата во наредниот период, а особено на неопходноста од обезбедување на целосна независност на Агенцијата, подигање на свеста на граѓаните и подобрување на соработката со другите институции и меѓународни организации. На крај заклучи дека сите заедно треба да допринесеме кон создавање побезбедна и посигурна средина, гарантирајќи дека со личните податоци се постапува одговорно и транспарентно.
Имајќи ги предвид современите предизвици и европските стандарди, Стратегијата зацртува четири основни цели во наредните пет години при спроведување на правото на заштита на личните податоци:

1.Целосна самостојност и независност на АЗЛП

  • Донесување закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на личните податоци со цел обезбедување самостојност и независност на Агенцијата во управувањето со финансии и човечки ресурси
  • Јакнење на капацитетите на Агенцијата
  • Измена на секторската легислатива која се однесува на прекршоците

2. Хармонизација на легислативата

  • Донесување закон за транспонирање на Директивата за спроведување на законот (т.н. Полициска директива)
  • Усогласување на законите со законодавството на ЕУ во подрачјето на заштита на личните податоци
  • Хармонизација на законодавството од аспект на процесите за дигитализација

3. Континуирано зголемување на културата на заштита на личните податоци

  • Зајакнување на соработка со надзорните тела за заштита на личните податоци и други меѓународни организации и тела.
  • Континуирана соработка со јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор
  • Обуки за заштита на личните податоци
  • Зголемување на транспарентноста и поголема видливост на Агенцијата

4. Спроведување на алатките за одговорност

  • Подобрување на алатките за отчетност за унапредување на усогласеноста на контролорите
  • Сертификација и кодекси на однесување
  • Вмрежување на офицерите за заштита на личните податоци
  • Активности за подобрување на положбата на офицерите за заштита на личните податоци

Целиот текст на Стратегијата е достапен на следниот линк.

Завршниот настан за промоција на Стратегијата за спроведување на правото за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија 2025-2030 беше организиран преку инструментот ТАИЕКС на Европската унија. Агенцијата уште еднаш изразува голема благодарност до сите кои активно се вклучија и придонесоа во изработката на овој значаен документ.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Агенцијата за заштита на личните податоци во изминатиот период организираше […]

    Прочитај повеќе
  • Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци Имер Алиу, […]

    Прочитај повеќе
  • Во периодот од 02-04 октомври 2024 година, Агенцијата за заштита […]

    Прочитај повеќе