Published On: јуни 19, 2024Categories: Вести, Новости

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија и Агенцијата за информации и приватност на Република Косово -18 јуни 2024 година, Скопје.

Целта на овој меморандум е унапредување на соработката за развој на заеднички активности во областа на заштитата на личните податоци, при што истиот помага да се постигнат целите на институциите согласно националните законодавства.

Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци Имер Алиу и комесарот на Агенцијата за информации и приватност, Кренаре Согојева Дермаку потпишаа Меморандум за соработка за размена на искуства во областа на заштитата на личните податоци помеѓу двете земји.

Меморандумот за соработка помеѓу двете институции овозможува размена на информации помеѓу Агенцијата за заштита на лични податоци на Rепублика Северна Mакедонија и Агенцијата за информации и приватност на Република Косово за најдобрите практики за имплементација на европските стандарди за заштита на личните податоци.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Заменик директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци м-р […]

    Прочитај повеќе
  • Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, г. Накил […]

    Прочитај повеќе
  • Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија […]

    Прочитај повеќе