Published On: декември 5, 2023Categories: Вести, Новости

Претставници од Агенцијата за заштита на личните податоци учествуваат на регионалната работилница за заштита на личните податоци во земјите од Западен Балкан. Организатор на работилницата е германската организација за меѓународна соработка (GIZ). На работилницата учествуваат претставници од органите за заштита на личните податоци на Северна Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина и експерти од Хрватска. На првиот ден од работилницата претставниците на органите за заштита на личните податоци разменија искуства за предизвиците и придобивките од хармонизирање на националната легислатива со Општата регулатива за заштита на личните податоци (ГДПР). Понатаму се дискутираше за проценката на влијанието врз личните податоци при пренос на личните податоци во други земји и за обработка на посебни категории на лични податоци. На вториот ден од настанот ќе се разговара за регионалната соработка за заштита на личните податоци во земјите од Западен Балкан.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Агенцијата за заштита на личните податоци ја информира јавноста дека […]

    Прочитај повеќе
  • Во периодот од 17-19 Мај, 2026 година, Агенцијата го организираше […]

    Прочитај повеќе
  • Во периодот од 04 до 09 мај 2026 година, директорот […]

    Прочитај повеќе