Published On: септември 30, 2021Categories: Вести

Денес, 30 септември 2021 год., во хотелот Double Tree by Hilton беше организиран настан за одбележување на почетокот на твининг-проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“, финансиран од Европската Унија. Проектот го спроведуваат Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Хрватска и Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), а корисник е Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија.

На настанот воведно обраќање имаше директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци г-н Имер Алиу , министерот за правда, г-н Бојан Маричиќ, раководителот на одделот за соработка во Делегацијата на ЕУ, г-н Штефан Худолин, хрватската амбасадорка, Н.Е. Нивес Тигањ, германскиот заменик амбасадор, г-н Ото Граф како и г-н Здравко Вукиќ, директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Хрватска.

Работниот дел од настанот вклучи две презентации. Постојаниот твининг советник, г-ѓа Сања Силај Земан, ги презентираше трите компоненти на твининг проектот и ги нагласи очекуваните резултати и превидените активности. Г-ѓа Анамарија Младиниќ од АЗОП ги презентираше резултатите од онлајн анкетата спроведена меѓу контролорите во однос на свеста за заштита на личните податоци и разбирањето на обврските од новиот закон.

Настанот беше заокружен со панел дискусија на тема „Новата правна рамка за заштита на личните податоци: предизвици и можности за организациите“, со учество на меѓународни експерти кои се осврнаа на предизвиците од спроведувањето на Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDRP) во Германија и Хрватска како држави-членки на ЕУ. Од друга страна, локалните панелисти се осврнаа на спроведувањето на ЗЗЛП од перспектива на АЗЛП, но и од перспектива на јавниот и граѓанскиот сектор во однос на постигнувањето сообразност со законот.

Новиот Закон за заштита на личните податоци, со кој се транспонира Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR) на ЕУ, воведува значајни промени, односно воведува нови дефиниции и концепти, пропишува нови обврски за контролорите и за обработувачите на лични податоци, и ги зајакнува правата на субјектите на личните податоци. Целта на проектот, кој ќе се спроведува во период од 15 месеци (1 јуни 2021 до 31 август 2021), е да се подобри заштитата на основните човекови права и националниот систем за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија во согласност со стандардите од законодавството на Европската Унија, и да се подобри работата на Агенцијата за заштита на личните податоци за спроведување на модернизираната рамка за заштита на личните податоци.

Настанот беше организиран со почитување на сите протоколи за заштита од Ковид-19.

Слични вести

Погледни ги сите
  • На 01.11.2023 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]

    Прочитај повеќе
  • Започна подготовка на новата Стратегија за заштита на личните податоци […]

    Прочитај повеќе
  • На 31 август 2023 година, директорот на Агенцијата Имер Алиу […]

    Прочитај повеќе