Published On: мај 19, 2022Categories: Вести

На 17 и 18 мај 2022 година, претставници на Агенцијата за заштита на личните податоци учествуваа на Конференција на тема: „Регионална перспектива за онлајн изборни кампањи – Предизвици и можности за интегритет на изборите“  организирана од страна на ОБСЕ/ОДИХР Канцеларија за демократски институции и човекови права во Подгорица, Црна Гора.

На 18 мај 2022 година, како панелист и говорник на конференцијата зема учество претставник на Агенцијата со презентација на тема: Заштита на личните податоци на онлајн идентитетите на гласачите во и надвор од изборната кампања во Северна Македонија, при што беше образложена законската рамка за заштита на личните податоци од аспект на изборните процеси, беа изложени активностите на Агенцијата за заштита на личните податоци поврзани со заштита на лични податоци во изборниот процес (надзори, супервизии, препораки) и без образложени предизвиците и ризиците поврзани со заштита на лични податоци во изборен процес, особено од аспект на он лине рекламирање на политичките партии и учесниците на избори.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Во пресрет на Европскиот ден за заштита на личните податоци […]

    Прочитај повеќе
  • Агенцијата и оваа година го одбележува „28 јануари–Европскиот ден за […]

    Прочитај повеќе
  • Покана

    Прочитај повеќе