Published On: декември 30, 2019Categories: Известувања
Понеделник, Декември 30, 2019

На 25.12.2019 година Собранието на Република Северна Македонија го избра за директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци г. Имер Алиу од Тетово и г. Игор Кузевски од Скопје за негов заменик.

Имер Алиу е дипломиран правник на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетово. Долги години бил пратеник во македонскиот парламент и поранешен министер и заменик претседател во Владата на Република Северна Македонија. Во моментов има запишано трет циклус – докторски студии по правни науки, Уставно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

Една од првите задачи на кои ќе се фокусира новото раководство на Дирекцијата за заштита на личните податоци ќе биде носење на нов Закон за заштита на личните податоци и негова целосна усогласеност со новата европска регулатива за заштита на личните податоци.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Петок, 16 декември 2022 По издадената наредба од страна на […]

    Прочитај повеќе
  • Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП), следејќи ја активно […]

    Прочитај повеќе
  • Петок, 7 Мај 2021 Твининг-проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната […]

    Прочитај повеќе