Субјектите на лични податоци имаат право од контролорот да побараат […]
Обврската за назначување офицер за заштита на личните податоци е […]
Доколку некоја организација доброволно назначи офицер за заштита на лични […]
Функцијата на офицер за заштита на лични податоци може да […]
Офицерот за заштита на личните податоци не смее да има […]
Трети страни кои вршат услуги за одржување се сметаат за […]
Обработката на податоци поврзани со вакциналниот статус против КОВИД-19 се […]
Работодавецот е обврзан да ја организира работата на начин кој […]
Псевдонимизирани податоци се лични податоци и за нив се применува […]
Видеонадзорот во смисла на одредбите од ЗЗЛП се однесува на […]
Дали законот пропишува краен рок за преземање дејство по барање за остварување на правото да се биде заборавен?
Субјектите на лични податоци имаат право од контролорот да побараат да ги избрише нивните лични податоци, при што контролорот е обврзан да ги избрише таквите податоци во рок од 30 дена по приемот на барањето. Контролорот треба да обезбеди информации за дејството што го преземал во однос на [...]
Дали адвокатите или матичните лекари, во својство на самостојни вршители на дејност, имаат обврска да назначат офицер за заштита на личните податоци?
Обврската за назначување офицер за заштита на личните податоци е предмет на условите дадени во член 41, став (1) од ЗЗЛП. Контролорот и обработувачот мора да назначат офицер за заштита на личните податоци во случаите кога: (а) обработката ја врши орган на државната власт, освен судовите кои постапуваат [...]
Дали контролорите кои не се обврзани да определат офицер за заштита на лични податоци сепак можат да назначат такво лице и дали, во тој случај, треба да ги исполнуваат сите обврски од законот кои се однесуваат на офицерот и на компанијата?
Доколку некоја организација доброволно назначи офицер за заштита на лични податоци, тогаш за лицето се применуваат условите од членовите 41 до 43 од ЗЗЛП во однос на неговото/нејзиното назначување, позиција и задачи исто како назначувањето на ваков офицер да било задолжително.
Појаснете ја можноста за ангажирање надворешно лице како офицер за заштита на личните податоци со договор на дело. Дали физичко лице може да биде офицер на неколку различни контролори/обработувачи?
Функцијата на офицер за заштита на лични податоци може да се извршува и врз основа на договор на дело склучен со физичко лице или со организација надвор од контролорот или обработувачот. Важно е секој член на организацијата што ја извршува функцијата на офицер за заштита на лични податоци [...]
Според член 42, став (6) од ЗЗЛП: „Офицерот за заштита на личните податоци може да врши и други задачи и должности. Контролорот или обработувачот е должен да обезбеди дека таквите задачи и должности не доведуваат до судир на интереси.“ Дали може да ја објасните оваа одредба.
Офицерот за заштита на личните податоци не смее да има судир на интереси за да може да дејствува во независен капацитет. Оттука, офицерот може да врши други задачи само доколку тие не водат кон судир на интереси. Примери за работни позиции кои може да бидат во судир со [...]
Дали трети страни кои вршат услуги за одржување (хигиена, куќен ред, итн.) се сметаат за обработувачи на лични податоци? При извршување на нивните договорни обврски, вработените во овие трети страни може да имаат увид во одредени сетови на податоци, вклучително и лични податоци, но сепак обработката на лични податоци не е предмет на нивните соодветни договори?
Трети страни кои вршат услуги за одржување се сметаат за „трета страна“ според дефиницијата дадена во член 4, став (1), точка 10) од ЗЗЛП. Според дефиницијата, „трето лице“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на [...]
Дали обработката на податоци поврзани со вакциналниот статус против КОВИД-19 се смета за обработка на посебна категорија на лични податоци (податоци за здравјето)?
Обработката на податоци поврзани со вакциналниот статус против КОВИД-19 се смета за обработка на посебна категорија на лични податоци (податоци за здравјето).
Дали работодавецот смее да мери температура на вработените?
Работодавецот е обврзан да ја организира работата на начин кој овозможува заштита на животот и здравјето на сите работници, па така, во контекст на пандемија, ваквата обработка е законска, но чувањето податоци за измерената температура на вработените се смета за прекумерна обработка на лични податоци. Обработка на податоци [...]
Дали псевдонимизирани податоци се лични податоци и како тие се разликуваат од анонимизирани податоци?
Псевдонимизирани податоци се лични податоци и за нив се применува ЗЗЛП, додека анонимизирани податоци се анонимни информации за кои не се применува ЗЗЛП. Анонимизираните податоци се информации кои не се поврзуваат со идентификувано лице или лице кое може да се идентификува, додека псевдонимизираните податоци вклучуваат замена на личните [...]
Дали контролорот може да постави лажни камери за да спречи кражби?
Видеонадзорот во смисла на одредбите од ЗЗЛП се однесува на обработка на лични податоци што вклучува создавање видеозапис кој е дел или е наменет да биде дел од систем за чување снимки. ЗЗЛП не се применува во конкретниот случај поради фактот дека не се обработуваат лични податоци на [...]


