Трети страни кои вршат услуги за одржување се сметаат за „трета страна“ според дефиницијата дадена во член 4, став (1), точка 10) од ЗЗЛП.

Според дефиницијата, „трето лице“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект на лични податоци, контролор, обработувач или лице кое, под директно овластување од контролорот или од обработувачот, е овластено да обработува лични податоци.

Оттука, сервиси за одржување не се сметаат ниту за контролор, ниту за обработувач.

Доколку компанијата НН склучи договор со служба за одржување, работниците не треба да имаат пристап до лични податоци иако тие може да наидат на такви податоци (во канцеларија или во дом). Бидејќи работниците не се вработени во компанијата НН, тие не се под нејзина надлежност.

Следствено, работниците се сметаат за трета страна и контролорот е должен да примени соодветни безбедносни мерки за да спречи неовластен пристап до личните податоци.