Користењето стандардни договорни клаузули за пренос на лични податоци во САД во предвид треба да ја земе неодамнешната пресуда бр. C-311/18 на Судот на правдата на Европската Унија (позната како Шремс II) со која се оспорува можноста за користење инструменти за пренос на лични податоци и оттука користењето на стандардни договорни клаузули.

Имено, постојат одредени грижи за соодветното ниво на заштита на личните податоци во однос на преносот на лични податоци во САД. Затоа се советува организациите кои пренесуваат лични податоци во САД, дополнително на стандардните договорни клаузули, да утврдат дали постојат дополнителни мерки коишто може да се применат заедно со овие клаузули, со цел да се одржи соодветно ниво на заштита.

Доколку тоа не е можно, организацијата што го врши преносот на лични податоци треба да го суспендира или прекине таквиот пренос, освен кога станува збор за еднократна ситуација согласно член 53 од ЗЗЛП.