Тоа може да се смета за легитимен интерес доколку контролорот го докаже таквиот интерес преку спроведување тест за балансирање, но се советува за тоа да се изготват внатрешни правила каде би било елаборирано и доделувањето награди и објавувањето на победниците, со што учесниците би биле запознаени со можноста за објава на нивните имиња.

Од тие причини, се препорачува учесниците однапред да бидат известени за намерата имињата и презимињата на победниците од организираната наградна игра да бидат јавно објавени.