
Во периодот од 04 до 09 мај 2026 година, директорот на Агенцијата Накил Фетаи учествуваше на Пролетната конференција на европските органи за заштита на личните податоци, значаен меѓународен настан посветен на актуелните прашања и предизвици во областа на заштитата на личните податоци и правото на приватност.
На конференцијата учествуваа претставници на надзорни органи, меѓународни организации, институции и експерти од повеќе држави, кои дискутираа за современите трендови и предизвици поврзани со дигиталната трансформација, примената на новите технологии, вештачката интелигенција, прекуграничната размена на податоци и зајакнувањето на механизмите за заштита на правата на граѓаните.
Во рамки на настанот беа одржани пленарни сесии, панел-дискусии и работни состаноци, на кои беше потенцирана важноста од доследна примена на прописите за заштита на личните податоци, унапредување на меѓународната соработка и размена на добри практики помеѓу надзорните органи.
Посебен акцент беше ставен на потребата од градење доверба во дигиталното опкружување, зајакнување на транспарентноста и обезбедување повисоко ниво на заштита на личните податоци во услови на брз технолошки развој, особено во контекст на сè поголемата употреба на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз приватноста и обработката на личните податоци.
Пролетната конференција уште еднаш ја потврди важноста на континуираниот дијалог и координираната соработка помеѓу институциите и релевантните чинители во насока на унапредување на правото на приватност и ефикасна заштита на личните податоци.
Во периодот од 17-19 Мај, 2026 година, Агенцијата го организираше […]
Заменик директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци м-р […]
Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, г. Накил […]


