Published On: ноември 20, 2025Categories: Вести, Новости

На 12.10.2025 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку платформата ЗУМ (ZOOM) спроведе обукa за заштита на личните податоци по барана програма од Народна банка на РС Македонија.

Обуката беше конципирана согласно барањата и предложените теми од Народна банка на РС Македонија и целта на обуката беше да обезбеди основни знаења и практични вештини за вработените кои сакаат ефикасно да ги разберат и применат начелата и прописите за заштита на податоците. За време на обуката беа презентирани обврските кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци, правата и обврските на контролорите, мерките за безбедност на обработката на личните податоци, а воедно беа дадени и препораки и насоки како да се заштитат личните податоци и како да се дизајнираат соодветни мерки за заштита.

Овие обуки се дел од континуираните напори на Агенцијата за зајакнување на капацитетите на сите засегнати страни и за обезбедување на повисоко ниво на заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Заменик директорката на Агенцијата за заштита на личните податоци на […]

    Прочитај повеќе
  • Во врска со сè почестите барања од граѓаните за отстранување […]

    Прочитај повеќе
  • На 27 октомври 2025 година, претставници од Агенцијата за заштита […]

    Прочитај повеќе