Published On: октомври 28, 2025Categories: Вести, Новости

На 27 октомври 2025 година, претставници од Агенцијата за заштита на личните податоци ја посетија ООУ „Кочо Рацин“ во Кратово, каде што одржаа едукативен час на тема „Како да ги заштитиме нашите лични податоци на интернет“.

Настанот беше наменет за учениците од четврто, петто и шесто одделение и се реализираше во забавна и интерактивна атмосфера, прилагодена на возраста на учениците. Преку разговор, игри и практични примери, учениците научија како безбедно да го користат интернетот и социјалните мрежи, како и зошто е важно да ги чуваат своите лични податоци.

Учениците покажаа голем интерес за темата, активно се вклучија во дискусијата и споделија свои искуства од секојдневието на интернет. На крајот од часот добија и едукативни материјали кои ќе им помогнат подобро да ја разберат важноста на приватноста во дигиталниот свет.

Преку вакви активности, Агенцијата за заштита на личните податоци поттикнува развој на свесни и одговорни интернет-корисници уште од најмала возраст.

Заедно создадаваме побезбедна и поодговорна дигитална иднина!

Слични вести

Погледни ги сите
  • Во врска со сè почестите барања од граѓаните за отстранување […]

    Прочитај повеќе
  • На 24 октомври 2025 година, во просториите на Агенцијата беше […]

    Прочитај повеќе
  • На 22 октомври 2025 година, претставници од Агенцијата за заштита […]

    Прочитај повеќе