Published On: мај 15, 2023Categories: Вести, Новости

Претставници на Агенцијата за заштита на личните податоци учествуваа на 31-та Пролетна конференција на европските надзорни органи за заштита на личните податоци, што се одржа во Будимпешта, Унгарија од 10 до 12 мај 2023 година.

Конференцијата на европските надзорни органи се состои од 62 национални и регионални надзорни органи за заштита на личните податоци, Европската комисија, Европскиот парламент, Агенцијата за фундаментални права на Европската унија, Европол, Европравда и Советот на Европа. Тоа е исклучителна можност за надзорните тела да разговараат за проблемите со кои се соочуваат, најдобрите практики и стратегии и да разменат искуства и да стекнат нови знаења преку панели и предавања на најеминентните експерти од областа на заштитата на личните податоци.

На овогодинешната конференција се дебатираше за поголем број актуелни прашања како на пример за влијанието на новите технологии врз правата на приватност и заштитата на личните податоците и за интеракцијата помеѓу законот за заштита на личните податоците и законот за конкуренција. Понатаму, се разгледа прашањето за продлабочување на соработката меѓу органите за заштита на личните податоци од ЕЕО и другите земји, судски одлуки од областа на заштитата на личните податоци, заштитата на приватноста на децата во дигиталната средина, улогата на офицерите за заштита на личните податоци.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Заменик директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци м-р […]

    Прочитај повеќе
  • Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, г. Накил […]

    Прочитај повеќе
  • Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија […]

    Прочитај повеќе