Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци г. Имер Алиу присуствуваше на 45-тиот пленарен состанок на Комитетот на Конвенцијата 108 (Т-ПД) кој се одржа од 15 до 17 ноември 2023 година, во Стразбур, Франција.
На пленарниот состанок на Комитетот на кој учествуваа претставници од околу 70 земји од национални и меѓународни институции, усвоен беше вториот модул од Моделните договорни клаузули за пренос на лични податоци од контролорот до обработувачот. Т-ПД продолжува со изготвување на упатства за заштита на поединци во однос на обработката на личните податоци за целите на регистрација и автентикација на гласачите за време на избори и исто така, одлучи да започне да работи на заштита на податоците во контекст на невролошките науки како следна тема со која што ќе се занимава според нејзината работна програма 2022-2025 година.
Агенцијата е рамноправна членка со право на глас на консултативниот комитет (Т-ПД) на Советот на Европа од јули 2006 година. Агенцијата активно учество на редовните пленарни состаноци на Комитетот на Конвенцијата 108.
Заменик директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци м-р […]
Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, г. Накил […]
Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија […]


