Published On: април 1, 2025Categories: Вести, Новости

На 13 и 14 март 2025 година во Брисел се одржа 19-тиот состанок на Поткомитетот за правда, слобода и безбедност со Северна Македонија на кој беше разгледан развојот на настаните во областите опфатени со Поглавјата 23 (Судство и основни права) и 24 (Правда, слобода и безбедност). Агенцијата за заштита на личните податоци на 13 март 2025 година учествуваше на состанокот на кој ги презентираше клучните постигнувања на институцијата на полето на заштитата на личните податоци во 2024 година.

Во излагањето беше дискутирано за донесувањето на новата Стратегија за спроведување на правото за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија за периодот 2025-2030 година, новиот Правилник за безбедност на обработката на личните податоци кој ќе започне да се применува од 1 јули 2025 година, Правилникот за дополнување на Правилникот за начинот на известување за нарушување на безбедноста на личните податоци и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на вршење на супервизија.

Исто така, беше напоменето за важноста Република Северна Македонија што поскоро да ги донесе Законот за транспонирање на Директивата (ЕУ) 2016/680 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година (Директива за спроведување на законот) и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на личните податоци со кои ќе се постигне целосно усогласување со законодавството на ЕУ.

Слични вести

Погледни ги сите
  • По повод Меѓународниот ден за побезбеден интернет, на 11 февруари […]

    Прочитај повеќе
  • Агенцијата за заштита на личните податоци, во соработка со Германското […]

    Прочитај повеќе
  • Агенцијата за заштита на личните податоци донесе нов Правилник за […]

    Прочитај повеќе