
На 14 октомври 2025 година, Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП), претставувана од заменик директорката Елена Велјановска, учествуваше на работна средба организирана заедно со Македонската асоцијација на корпоративни правници (МАКП) во просториите на адвокатското друштво Schönherr во Скопје. На настанот активно учество земаа и претставници од Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАКР).
На настанот се дискутираа практични предизвици при обработката на лични податоци во компаниите, вклучително теми како вработување, пристап до досиеја, дигитална приватност, безбедно користење на комуникациски канали и cloud сервиси.
Заменик директорката на АЗЛП, Елена Велјановска, и претседателот на МАКП, Иван Петрушевски, го потпишаа Меморандумот за соработка, со кој се воспоставува рамка за размена на знаења, едукација и заеднички активности меѓу двете страни во областа на заштита на личните податоци и приватноста.
Настанот заврши со коктел за вмрежување и потврда за потребата од континуирана размена на добри практики меѓу АЗЛП , корпорациските правници и одделите за човечки ресурси.
На 27 октомври 2025 година, претставници од Агенцијата за заштита […]
На 24 октомври 2025 година, во просториите на Агенцијата беше […]


