Published On: април 23, 2024Categories: Вести, Новости

Агенцијата за заштита на личните податоци во наредниот период, продолжува со активности поврзани со изработката на новата Стратегија за заштита на личните податоци 2024-2030 година со акциски план, која се очекува да се донесе во 2024 година. На 15 и 16 мај, 2024 година, преку инструментот ТАЕКС, Агенцијата ќе организира работилница со експертска помош од Европската Комисија со која ќе се постават основните цели кои колективно ќе придонесат за остварување на стратешките приоритети.

Агенцијата ги повикува претставниците на контролорите од јавниот сектор активно да се вклучат во изработка на новата стратегија. Вашиот интерес за вклучување вo овој процес може да го пријавите на strategija@privacy.mk најкасно до 26.04.2024 година.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Еднодневна обука на тема „Вештачка интелигенција и заштита на лични […]

    Прочитај повеќе
  • Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци донесе: Програма […]

    Прочитај повеќе
  • На 16.12.2025 година, Агенцијата за заштита на личните податоци организираше […]

    Прочитај повеќе