
На 24 септември 2025 година, во просториите на Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) беше одржана обука посветена на заштитата на личните податоци, на која учествуваа и конзорциумските партнери во рамки на проектот MKSafeNet. Настанот беше реализиран во соработка со IMPETUS – Центар за интернет, развој и добро управување, кој целосно ги покри трошоците за учество на партнерите. На овој начин беше овозможен директен пристап до експертски знаења и практични насоки без дополнителен финансиски товар за организациите.
На обуката учествуваа претставници на контролори од различни сектори, кои активно разменуваа искуства, прашања и идеи. Преку обучувањето, учесниците ги зајакнаа своите капацитети за правилно ракување со лични податоци, полесно препознавање на потенцијалните ризици и примена на добри практики за заштита на приватноста во рамки на нивните организации.
Целта на обуката беше да се разјаснат законските обврски кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти – како за контролорите, така и за обработувачите. За време на обуката беа дадени јасни насоки за усогласување со прописите и беа опфатени повеќе клучни теми, меѓу кои:
-
дефинирање на основните поими од областа на заштитата на личните податоци;
-
начелата за заштита на личните податоци, кои претставуваат темел на целиот систем;
-
правата на субјектите на личните податоци и механизмите за нивно остварување;
-
обврските на контролорите и обработувачите во текот на целиот циклус на обработка;
-
правилата за пренос на лични податоци, вклучително и меѓународниот пренос;
-
законските обврски при воспоставување на систем за вршење на видео надзор.
Овие обуки се дел од континуираните напори на Агенцијата за зајакнување на капацитетите на сите засегнати страни и за обезбедување на повисоко ниво на заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.
Заменик директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци м-р […]
Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, г. Накил […]
Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија […]


