
На 24 септември 2025 година, во просториите на Агенцијата беше одржана обука посветена на заштитата на личните податоци.
На обуката учествуваа претставници на контролори од различни сектори, кои активно разменуваа искуства, прашања и идеи. Целта на обуката беше да се разјаснат законските обврски кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти – како за контролорите, така и за обработувачите.
За време на обуката беа дадени јасни насоки за усогласување со прописите и беа опфатени повеќе клучни теми, меѓу кои :
- дефинирање на основните поими од областа на заштитата на личните податоци;
- начелата за заштита на личните податоци, кои претставуваат темел на целиот систем;
- правата на субјектите на личните податоци и механизмите за нивно остварување;
- обврските на контролорите и обработувачите во текот на целиот циклус на обработка;
- правилата за пренос на лични податоци, вклучително и меѓународниот пренос;
- законските обврски при воспоставување на систем за вршење на видео надзор.
Овие обуки се дел од континуираните напори на Агенцијата за зајакнување на капацитетите на сите засегнати страни и за обезбедување на повисоко ниво на заштита на личните податоци во Република Северна Македонија
На 27 октомври 2025 година, претставници од Агенцијата за заштита […]
На 24 октомври 2025 година, во просториите на Агенцијата беше […]


