Published On: октомври 23, 2025Categories: Вести, Новости

На 22 октомври 2025 година, претставници од Агенцијата за заштита на личните податоци, предводени од заменик директорката Елена Велјановска, го посетија ООУ „Методи Митевски – Брицо“ во Лозово, каде што одржаа едукативен час на тема „Како да ги заштитиме нашите лични податоци на интернет“.

Настанот беше наменет за учениците од седмо и осмо одделение и се реализираше во интерактивна и едукативна атмосфера, прилагодена на возраста на учениците. Преку разговор, практични примери и активности, учениците имаа можност да научат како правилно да ги заштитуваат своите лични податоци при користење на интернет и социјални мрежи.

На учениците им беа споделени и информативни печатени материјали на тема „Приватноста на децата и младите во светот на модерните технологии – интернет и социјални мрежи“.

Со ваквите активности, Агенцијата за заштита на личните податоци продолжува со својата мисија за подигнување на свеста кај децата и младите за важноста на приватноста и безбедното дигитално однесување.

Заедно градиме генерации кои ја почитуваат и штитат приватноста!

Слични вести

Погледни ги сите
  • Во врска со сè почестите барања од граѓаните за отстранување […]

    Прочитај повеќе
  • На 27 октомври 2025 година, претставници од Агенцијата за заштита […]

    Прочитај повеќе
  • На 24 октомври 2025 година, во просториите на Агенцијата беше […]

    Прочитај повеќе