Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, г. Накил Фетаи, учествуваше на V Меѓународен конгрес на правници, кој се одржа во Блед, Словенија, во организација на КЕЦ Група, од 25 до 28 март 2026 година.
Конгресот обедини водечки експерти од областа на заштитата на личните податоци и правните технологии, со фокус на актуелните предизвици поврзани со примената на GDPR и развојот на вештачката интелигенција.
Директорот Фетаи беше дел од панел-дискусијата на тема „Вештачка интелигенција – што нè очекува?“, каде заедно со регионални и европски експерти се дискутираше за правната рамка и практичните аспекти на примената на вештачката интелигенција.
Панелот овозможи размена на искуства и добри практики, со посебен осврт на усогласувањето на законодавствата во регионот и улогата на институциите во обезбедување на заштита на личните податоци во ерата на AI.
![]()
Во периодот од 17-19 Мај, 2026 година, Агенцијата го организираше […]
Во периодот од 04 до 09 мај 2026 година, директорот […]


