Published On: октомври 6, 2022Categories: Вести

Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци Имер Алиу, денес на 6ти октомври 2022 година, пред завршнатата конференција на ЕУ Твининг проектот „Поддршка во имплементација на модернизираната национална рамка за заштита на личните податоци“, одржа состанок со директорот на хрватската Агенција за заштита на личните податоци Здравко Вукиќ и заменикот директор Игор Вуље, со што се заокружи успешната твининг соработка.

Имено, Агенцијата за заштита на личните податоци во соработка со партнерите од германската Фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) и Централната агенција за финансирање и склучување договори (САФУ) на Република Хрватска, последниве 17 месеци го спроведуваа твининг проектот чија цел беше да се унапреди работата на Агенцијата и да се подобри заштитата на основните права и зајакнување на капацитетите и работата на националниот орган за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија во согласност со стандардите на Европската унија.

Завршната конференција ќе се одржи утре на 7ми октомври 2022 година во Скопје, каде што ќе бидат претставени остварените резултати од твининг проектот „Поддршка во имплементација на модернизираната национална рамка за заштита на личните податоци“.

Слични вести

Погледни ги сите
  • На 01.11.2023 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]

    Прочитај повеќе
  • Започна подготовка на новата Стратегија за заштита на личните податоци […]

    Прочитај повеќе
  • На 31 август 2023 година, директорот на Агенцијата Имер Алиу […]

    Прочитај повеќе