
Директорот Имер Алиу и претставници од Агенцијата денес остварија работна средба со делегација од Обединетото Кралство предводена од Крис Мофит, помошник директор во Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство, одговорен за националната политика на Обединетото Кралство за меѓународна размена на кривични пресуди, придружуван од Грем Валас, заменик менаџер за деловен развој и проекти во Канцеларијата за криминалистичка евиденција „ACRO“, како и вториот секретар за политика и безбедност Крис Фристоун.
Темата на работната средба беше Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со споделување на информации за криминални досиеја за државјани на Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска од аспект на заштитата на личните податоци.
Делегацијата на Обединетото Кралство и претставниците на Агенцијата дискутираа за имплементацијата на прописите за заштита на личните податоци од страна на државните институции кои имаат ингеренции во водењето на казнени евиденции, а со посебен акцент на Министерството за внатрешни работи во однос на примената на Законот за полиција во делот на обработката на личните податоци
Агенцијата апелира до сите институции да посветат поголемо внимание на […]
На 19 јули 2023 година, директорот на Агенцијата Имер Алиу […]