Published On: мај 2, 2025Categories: Вести, Новости

На 30.04.2025 година, заменик директорот Елена Вељановска од Агенцијата за заштита на личните податоци и директорот Ивица Томовски од Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка, со што ја потврдија заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката меѓу двете институции.

Во насока на исполнување на целите на овој Меморандум, Агенцијата за заштита на личните податоци ќе спроведе обуки за заштита на личните податоци за претставници на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, со цел целосно и правилно спроведување на прописите за заштита на личните податоци.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Агенцијата за заштита на личните податоци ја информира јавноста дека […]

    Прочитај повеќе
  • Во периодот од 17-19 Мај, 2026 година, Агенцијата го организираше […]

    Прочитај повеќе
  • Во периодот од 04 до 09 мај 2026 година, директорот […]

    Прочитај повеќе