Агенцијата за заштита на лични податоци и Фондација Метаморфозис на 10.02.2023 година потпишаа Договор за пренос на едукативна веб-страница која ќе се развие во рамки на ЕУ проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“. Оваа веб-страница ќе содржи различни едукативни и информативни материјали за заштита на личните податоци и ќе им нуди можности и на граѓаните, и на контролорите да го проверат и да го унапредат своето знаење за заштита на личните податоци. По завршувањето на ЕУ проектот, Агенцијата за заштита на лични податоци ќе ја преземе веб страницата и истата ќе ја користи и како платформа за е-обуки за заштита на личните податоци.
Со склучувањето на овој договор, Агенцијата за заштита на личните податоци и Фондацијата Метаморфозис повторно ги афирмираат своите заложби за обезбедување заеднички придонес во промовирањето и унапредување на заштитата на личните податоци на граѓаните.
На 05.06.2024 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]
Надзорните органи за заштита на личните податоците на Северна Македонија, […]
На покана на хрватската Агенцијата за заштита на личните податоци […]