Published On: октомври 6, 2026Categories: Вести, Новости

Агенцијата за заштита на личните податоци објавува повик за пријава на интерес за учество на ТАИЕКС работилница на тема:

„Проценка на влијанието врз заштитата на личните податоци и проценка на влијанието при пренос на лични податоци“

Датум на одржување: 4–6 ноември 2026 година

Работилницата се реализира во рамки на инструментот ТАИЕКС на Европската Унија и има за цел унапредување на знаењата и практичните капацитети на контролорите и обработувачите за спроведување на проценки на влијанието врз заштитата на личните податоци и проценки на влијанието при пренос на лични податоци.

Во рамки на работилницата ќе бидат презентирани европски искуства и практики, методологии и алатки, како и практични примери и вежби за нивна примена. Работилницата ќе овозможи размена на искуства и запознавање со пристапите и практиките на надзорните органи од земјите членки на Европската Унија.

Пријава за учество

Контролорите кои се заинтересирани за учество можат да пријават интерес со доставување на потребните податоци.

Рок за пријавување: 12 октомври 2026 година

Адреса за доставување на пријавите: proekt.obuki@privacy.mk

Пријавата треба да ги содржи следните податоци:

  • назив на контролорот;
  • име и презиме на претставникот;
  • адреса на електронска пошта.

Со оглед на тоа што работилницата се реализира во рамки на инструментот ТАИЕКС, насочен кон јакнење на капацитетите и стручните знаења на службениците, при изборот на учесници предност ќе имаат претставници од јавниот сектор.

Имајќи го предвид ограничениот број места, учеството на претставници од приватниот сектор ќе биде ограничено и ќе се разгледува согласно релевантноста на нивната работа со темите опфатени со работилницата. Агенцијата ќе ја оцени релевантноста на пријавените кандидати и ќе го утврди конечниот состав на учесници.

Доставувањето пријава на интерес не претставува автоматска потврда за учество.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Агенцијата за заштита на личните податоци ја информира јавноста дека […]

    Прочитај повеќе
  • Агенцијата за заштита на личните податоци ја информира јавноста дека […]

    Прочитај повеќе
  • Во периодот од 17-19 Мај, 2026 година, Агенцијата го организираше […]

    Прочитај повеќе