Published On: октомври 26, 2023Categories: Вести, Новости

Започна подготовка на новата Стратегија за заштита на личните податоци 2024-2030 година

Агенцијата за заштита на личните податоци го организираше првиот циклус на консултации за изработка на новата Стратегијата за заштита на личните податоци 2024-2030 година, која се очекува да се донесе во 2024 година

Стратегијата се изработува со експертска помош од Европската Комисија преку инструментот ТАЕКС. Во период од  16 до 20 октомври 2023 година, експерти од Словенија и Финска, заедно со Агенцијата, одржаа консултации со претставници од јавниот и приватниот сектор и невладините организации.

Во наредниот период ќе се организираат серија од настани во форма на работилници и експертски мисии, како и онлајн консултации. Агенцијата ги повикува сите засегнати страни, односно претставниците на контролорите од јавниот и приватниот сектор, обработувачите, невладините организации, предлагачите на закони, граѓаните активно да се вклучат во изработка на новата стратегија. Вашиот интерес за вклучување вo овој процес може да го пријавите на strategija@privacy.mk.

Слични вести

Погледни ги сите
  • На 01.11.2023 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]

    Прочитај повеќе
  • На 31 август 2023 година, директорот на Агенцијата Имер Алиу […]

    Прочитај повеќе
  • Агенцијата за заштита на личните податоци изрече три глоби во […]

    Прочитај повеќе