Published On: април 23, 2024Categories: Вести, Новости

На 23.04.2024 година Агенцијата за заштита на личните податоци одржа предавање на семинар „Обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци“, во центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“, намената за учесници од Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија.
Оваа обука е организирана согласно законските надлежности на Агенцијата и склучениот Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за заштита на личните податоци и Министерството за одбрана.
Од страна на обучувачи од Агенцијата, беа презентирани прописите од Законот за заштита на личните податоци, начелата за заштита на личните податоци, правата на субјектите на лични податоци, мерките за безбедност на обработката на личните податоци, правата и обврските на контролорите, а воедно беа дадени и препораки и насоки како да се заштитат личните податоци и како да се дизајнираат соодветни мерки за заштита.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Заменик директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци м-р […]

    Прочитај повеќе
  • Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, г. Накил […]

    Прочитај повеќе
  • Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија […]

    Прочитај повеќе