
Од 4 до 6 ноември 2026 година, во хотел „Арка“ во Скопје, се одржа ТАИЕКС работилницата „Проценка на влијанието врз заштитата на личните податоци (DPIA) и проценка на влијанието при меѓународен пренос на лични податоци (TIA)“.
Целта на работилницата беше зајакнување на капацитетите за спроведување на овие проценки во согласност со Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR), со посебен фокус на меѓународните преноси на лични податоци и усогласувањето со практиките на надзорните органи за заштита на личните податоци во Европската Унија.
Експерти од Шпанската агенција за заштита на личните податоци ги претставија европските насоки и методологии, како и практични примери за проценка и управување со ризиците и за примена на дополнителни мерки при меѓународен пренос на лични податоци.
На работилницата присуствуваа претставници на Агенцијата, како и офицери за заштита на личните податоци од јавниот и приватниот сектор. Настанот овозможи дискусија и размена на искуства за практичната примена на DPIA и TIA.


Во периодот од 26 до 30 октомври 2026 година, во […]
На 19 и 21 октомври во Агенцијата за заштита на […]
На 20 октомври 2026 година, Агенцијата во своите простории одржа […]


